Метод на обучување

Како основа е земен методот на обучување на деца странци во Русија, по разработени учебници и средства од Институтот за отворено образование во Москва и дополнет со материјали кои се добиваат при работа со децата како дополнителни средства (работна тетратка за 1-во одделение составена од наставник кој ја спроведува наставата)

Изучувањето на руски јазик се спроведува од 1-во до 5-то одделение.
Програма за изучување на руски јазик како странски, за деца од најмала возраст, разработено е во рамките на заедничкиот проект на Одделот за образование на Москва, Московскиот институт за отворено образование, Катедрата на меѓународното образование, Управата на Врховниот комесаријат на ООН за бегалци во Руската Федерација и центарот на меѓунационално образование “Етносфера“.

Програмата вклучува пет етапи на обука.

Во секое одделение има по два часа во неделата.

Бројот на часови в годината е 72, за секое одделение одделно.

Планот на обука се содржи од следните делови:

  1. Изучување на лексиката
  2. Изучување на културата и литературата
  3. Изучување на граматиката
  4. Правопис
  5. Творештво

Соодветно на возраста подготвена е програма:
за 6-7 год, 8-9 год, 10-12 год.