Актуелности

Во Македонија гасне изучувањето на рускиот јазик, во главниот град Скопје, само во едно училиште се учи руски и тоа во подоцнежните одделенија, со неполн фонд на часови, Затоа има потреба од тоа да се подржи интересот кон изучување на рускиот јазик. За негово раширување и повторно враќање беше воведен овој проект за почетните одделенија, за да се развие од помала возраст љубов и интерес за учење на јазикот на блискиот словенски народ.

ОУ “Димитар Миладинов“ каде од најрана возраст се учи рускиот јазик и така тоа стана база за учење на овој јазик, исто така во основно училиште “Гоце Делчев”

Реализацијата на проектот е усмерена на:

  1. подршка и раширување на изучувањето на рускиот јазик во Македонија
  2. зачувување и популаризација на делата од руската уметност, фолклорната традиција на рускиот народ
  3. воведување на изучување на рускиот јазик во училиштата
  4. обединување на сонародниците