Цел на проектот

  1. проширување на изучување на рускиот јазик во Македонија, предавање во одделенска настава во училиштето “Димитар Миладинов“ , “Гоце Делчев” и други училишта, како задолжителен по програмата
  2. стварање потреба од најрана возраст да се изучува рускиот јазик, за подобро да се совлада во понатамошното учење, како еден од најпознати јазици во светот
  3. претставување на руската култура, запознавање од најрана возраст со блиската по дух словенска држава – Русија и запознавање со нејзината богата култура и историја (традиција, фолклор, народно творештво)
  4. запознавање со прекрасната земја Русија, татковина на големите писатели и дејци, развивање интерес кон Русија

Датум на основање на Асоцијацијата: 02.02.2009 г.

Целта на создавањето на Асоцијацијата не е само да се обучуваат, туку и да се обединат сонародниците кои живеат во Македонија. Да се подигне статусот на рускиот јазик , преку адаптација и социјализација на сонародниците во Македонија, запознавање со историјата и културата на Русија.

Обучувањето на деца странци во одделенска настава (од 1 до 4-то одделение)веќе се спроведува 3 години. Богата програма со запознавање на руската култура, традиција, фолклор, творештво. Со љубов се предава од страна на наставник – чиј роден јазик е руски и со добро образован наставник од Македонија.

Обучувањето на децата странци се спроведува во ОУ “Димитар Миладинов”.

Организирана е и неделно школо за децата на сонародниците “Знайка”.

Музичко друштво “Ручеек”.

Творечко друштво “Самоделкин”.

Координатор на Проектот и Асоциацијата “Озарение” – Демчик Елена