I – етапа на реализација
Краен рок: 2006-2007 учебна год.
Форма на реализација: предавање на руски јазик во основно училиште.
Во 2006-2007 учебна година во Oсновното училиште “Димитар Миладинов” во град Скопје Република Македонија беше започната реализацијата на проектот Изучување на рускиот јазик во основното образование.
Во III одделение два часа неделно,72 часа во година.
Број на ученици – 18.
Проект за изучување на рускиот јазик во основното училиште, воведен по желба и одобрение од страна на родителите.
Во 2006-2007 учебна година децата со интерес го учеа рускиот јазик, а првата етапа беше успешно реализирана со огромен број на случувања и приредби паралелно со наставата на руски јазик.
Вонкласни случувања:
Почеток на проектот
![]() |
![]() |
![]() |
- означување на празникот, посветен на Денот на училиштето ( 8 .11.2006г.);
- Рецитали, вежбање стихови на руски јазик на часовите по руски јазик
- Новогодишни празници(23.12.2006г.)
- Празник “Масленица”
- Празник по повод завршување на учебната година
- За зацврстување на меѓународната дружба, децата напишаа писма на децата од побратименото училиште №1148 им.Ф.М.Достоевского г.Москва